Реал Мадрид планира промена на името на својот легендарен стадион „Сантијаго Бернабеу“, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Во иднина, стадионот ќе го носи само презимето на некогашниот фудбалер и претседател на клубот, и ќе биде познат како „Бернабеу“.
Причината за оваа промена, како што се наведува, е поврзана со трговски и маркетиншки интереси. Процесот веќе е започнат и се гледа во неколку аспекти. На пример, официјалниот веб-сајт и Инстаграм профилот на стадионот го користат името „Бернабеу“. Туристичката тура низ стадионот е наречена „Tour Bernabeu“, а сувенирите, како што се чашите и макетите, го изоставуваат името „Сантијаго“.
Целта на оваа промена е создавање на модерен имиџ за стадионот, а пократкото име ќе овозможи полесно склучување на спонзорски договори. Не е исклучено во иднина стадионот да го носи името на некоја светска компанија, како што тоа е случај со други познати арени во Европа.
Со завршувањето на реконструкцијата, „Бернабеу“ нуди уште повеќе можности за организирање различни настани, како концерти, гала вечери и конференции, што значително ги зголемува приходите на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













