Лука Јовиќ во Реал Мадрид дојде од Ајнтрахт пред три години за отштета од 63 милиони евра, а сега ќе си замине бесплатно и ќе потпише за Фиорентина. „Кралевите“ нема да бараат отштета само за да се ослободат од неговата плата и комплетно да го продадат на Фиорентина.
За споредба, Реал Мадрид плати 18 милиони евра повеќе обештетување за Јовиќ отколку за Винисиус Жуниор, кој дојде во клубот една сезона порано. Сепак, Србинот за две и пол години во Реал имаше мизерен ефект од три постигнати гола и пет асистенции на 51 натпревар. Во втората половина на 2020/21 година, Реал Мадрид го врати на позајмица во Ајнтрахт, но Јовиќ и таму постигна само четири гола на 18 настапи.
Фиорентина ќе го доведе Лука Јовиќ како ново засилување. Првата ќе биде позајмен од Реал, односно „кралевите“ ќе имаат обврска да плаќаат половина од неговата годишна плата, а потоа во следните две сезони Фиорентина комплетно ќе ги преземе обврските за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













