
Килијан Мбапе ќе биде новиот „галактико“ на Реал Мадрид. Две години Флорентино Перез апстинираше од трансфери за да обезбеди доволно средства за да го купи феноменалниот француски напаѓач. „Кралевите“ ќе платат 180 милиони евра за трансферот на Мбапе, а во Мадрид веќе се прават и маркетиншките чекори за негово претставување пред армијата навивачи.
Како што открива „АС“, Реал Мадрид го чува дресот со број „5“, кој е слободен по заминувањето на Рафаел Варан. Има симболика, своевремено Зинедин Зидан во ерата на „галактикосите“ го носеше овој број на грбот, а сега ќе ја наследи Килијан Мбапе. Останатите два броја кои се слободни (правилото на Ла Лига е фудбалерите да се лиценцираат со броеви од 1 до 25) се „19“ и „23“.
До крајот на денот треба да завршат преговорите меѓу двата клуба и да биде потпишан договор, а Мбапе во Мадрид ќе биде претставен на 11.септември, во пресрет на мечот против Селта. Тогаш Реал Мадрид по подолг период ќе се врати на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
