
Реал Мадрид реши целосно да се повлече од сите активности организирани од Фудбалската федерација на Шпанија пред утрешното финале на Купот на кралот, кое ќе се одигра во Севиља.
Ниту прес-конференција, ниту официјален тренинг, ниту фотографирање, ниту традиционалната вечера со противникот – „кралскиот клуб“ ја прекина секоја комуникација со Федерацијата. Причините не се официјално наведени, но јасно е дека зад ова стои длабоко незадоволство. „Кралевите“ бараа да биде променет судијата за утрешното Ел Класико, но федерацијата сепак остана на својот избор.
Тимот попладнево пристигна во Севилја, каде веднаш се упати кон хотелот, каде ќе остане целосно изолиран до почетокот на натпреварот. Според медиумите во Шпанија, Реал е видно револтиран од изборот на судии за финалето – проблем што ги следи уште од почетокот на сезоната.
Овој потег потсетува на слична ситуација од минатата година, кога клубот го бојкотираше доделувањето на „Златната топка“, откако дознаа дека Винисиус Жуниор нема да биде добитник. Овојпат, ставаат сѐ на една карта – молк, концентрација и тишина, далеку од камерите и светлата. Како ќе влијае тоа на нивниот настап утре – останува да се види.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
