Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, беше специјален гостин на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ каде синоќа го следеше дербито од 32. коло на Ла Лига меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао. Ѓоковиќ беше во свечената ложа заедно со своето семејство и беше сведок на драматичната завршница во која Федерико Валверде го постигна победничкиот гол во 93. минута.
Уругвајскиот репрезентативец погоди со вистинска „бомба“, со што му донесе три клучни поени на Реал Мадрид и ги задржа шансите за шампионска титула во Шпанија.
Реакцијата на Ѓоковиќ по голот – полна со воодушевување – стана вирална на социјалните мрежи, што само потврдува колку е страствен љубител на фудбалот.
„Чудесен гол на Валверде! Реал беше на раб на нов кошмар, но Уругваецот го спаси тимот во последен момент“, пренесуваат шпанските медиуми.
Инаку, Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Мадрид во рамки на подготовките за Мастерсот во овој град.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













