Македонскиот прволигаш Работнички испрати реакција до јавноста за, како што се вели, скандалозното судење на Димитар Пилешков на првенствениот натпревар против Академија Пандев. Главниот судија не досуди два пенали за Работнички во првото полувреме, што го потврди и судиската анализа на ФФМ.
Во соооштението на ФК Работнички, се вели…
Фудбалскиот клуб Работнички изразува огромно незадоволство од катастрофалното судење на главниот судија Димитар Пилешков, кој драстично го оштети нашиот тим на вчерашниот првенствен натпревар против Академија Пандев. Тој не досуди два очигледни пенали за Работнички во првото полувреме и на тој начин директно влијаеше на крајниот резултат на мечот.
Во 38.минута, судијата Димитар Пилешков не покажа на белата точка при очигледна игра со рака на гостински играч во сопствениот шеснаесетник.
Во 39.минута, судијата Димитар Пилешков не досуди пенал и при очигледен прекршок над Филип Бошковски во противничкиот шеснаесетник.
Потврда за тоа стигна и од стручната комисија на ФФМ, која признава дека Димитар Пилешков имаше кардинални грешки на штета на ФК Работнички. Ако не се досудат два очигледни пенали во период од две минути, кога нашиот тим се обидува да се врати од резултатска негатива, недвосмислено се наметнува и дилемата дали се во прашање смислени и намерни грешки на судијата Пилешков.
Неговото катастрофално судење имаше можност да го види целокупната фудбалска и спортска јавност преку ТВ преносот од натпреварот.
ФК Работнички жестоко реагира на скандалозната арбитража на Димитар Пилешков и бара од Фудбалската федерација на Македонија да поведе постапка против судијата, но и да го заштити интегритетот на натпреварувањето.
Фудбалскиот клуб Работнички не сака и не смее да биде заложник на поединци, а не сака воопшто да верува дека сето ова има и поголема смислена позадина, и бара од ФФМ максимална заштита од судиски кадри кои не се кадарни и достојни да бидат дел од прволигашката елита.
Нема да дозволиме никој да си игра со реномето на ФК Работнички и со скандалозни судиски одлуки и грешки да го уништува сето она она што клубот го градел со децении инвестирајќи во генерации фудбалски имиња како и инвестирајќи во иднината на македонскиот фудбал.
ФК Работнички АД Скопје
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski