Connect with us

Реакција на Пелистер: Директно сме оштетени од судијата Марјан Стојановски на мечот со Македонија ЃП (ВИДЕО)

Битолскиот прволигаш Пелистер испрати реакција за судењето на денешниот натпревар против Македонија ЃП. „Лавовите“ славеа со 2-0, а двата гола беа постигнати од пенал со реализација на Сефер Емини.


„Ја известуваме јавноста дека ФК Пелистер е директно оштетен од главниот судија Марјан Стојановски кој во второто полувреме го промени својот став на судење и досуди два пенали од кои првиот непостоечки во 64 минута, кој директно влијаеше на крајниот резултат што се гледа од видеото, додека вториот во 92 минута е сомнителен.
Зошто го смени критериумот во вториот дел и ние се прашуваме?!!! Со својата пожртвуваност фудбалерите од Битола покажаа дека никој не може лесно да ги победи доколку нема некое делегирано судење како денешното. Не смее да се дозволи вакво судење на ФК Пелистер без разлика каде се наоѓа на табелата“, е реакцијата на битолскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови