Катарскиот шеик Јасим бин Хамад ал-Тани, кој објави дека ја повлекува понудата за Манчестер Јунајтед откако семејството Глејзер решија да продава само 25% од акциите на „црвените ѓаволи“, најверојатно на сер Џим Ретклиф, ќе се обиде да ја пренасочи својата инвестиција во Тотенхем.
Катарците се решени да имаат клуб во Премиер – лигата и на тоа поле да се натпреваруваат со нивните регионални ривали Саудиска Арабија и ОАЕ, кои инвестираат во Њукасл и во Манчестер Сити.
Претходно оваа година, претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи, кој исто така делуваше како советник за неуспешната понуда на шеикот Јасим за Манчестер Јунајтед, одржа состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, за да разговараат за можни инвестиции во лондонскиот клуб.
Сепак, „Катар Спортс Инвестментс“ во моментов нема реални планови да се вклучи во лондонскиот клуб, што ја отвора вратата за шеикот Јасим. Вториот е подготвен да даде понуда дури и за купување на целиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













