Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го вклучи Мохамед Салах во тимот за утрешниот натпревар против Брајтон, известија водечките британски медиуми. Претходно денес на прес-конференцијата, Слот потврди дека ќе има индивидуален разговор со напаѓачот, по што ќе донесе одлука дали ќе го вклучи во проширениот состав.
Салах беше изоставен од тимот за гостувањето кај Интер оваа недела, откако даде емотивно интервју по ремито со Лидс во саботата, во кое го изрази своето разочарување што останал на клупата на три последовни натпревари, како и од целокупниот однос кон него. Ова предизвика бројни шпекулации за неговата иднина, а самиот играч дури сугерираше дека мечот со Брајтон може да биде негов последен за Ливерпул.
По мечот тој ќе замине за учество на Купот на Африканските нации, а по неговото враќање ќе биде отворен зимскиот трансфер период.
Денес Слот изјави дека нема причина да не сака Салах да остане во тимот.
Сега останува да се види дали утре Салах ќе започне како стартер или ќе остане на клупата. Во четирите натпревари во кои не започна, Ливерпул забележа две победи и две ремија.
Според „Би Би Си“ и „Скај Спортс“, Слот лично донел одлука да го врати Салах во тимот, сметајќи дека тоа е во најдобар интерес за клубот, земајќи ги предвид повредите во офанзивата кои го ограничуваат изборот.
„Атлетик“ додава дека проблемите сè уште постојат, но има време да се решат во периодот кога Салах нема да игра за Ливерпул поради обврските со Египет. Во меѓувреме, ќе има нови средби помеѓу неговите претставници и клубот.
Салах може да пропушти до осум натпревари за Ливерпул, доколку „фараоните“ стигнат до финалето во Мароко, кое е на 18 јануари. Од почетокот на сезоната, Салах постигна пет гола на 18 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













