Зинедин Зидан најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, иако за тоа се уште нема официјална потврда. Флорентино Перез сака да го задржи, но веќе ја има и првата алтернатива во случај Французинот да одлучи да замине.
Легендарниот напаѓач Раул Гонзалес е решението на Флорентино Перез ако Зинедин Зидан ја напушти клупата.
Раул го предводи вториот тим на Реал, но наводно сака да стекне уште поголемо искуство пред да прифати покана да го преземе првиот тим на „кралевите“ по што нема враќање назад. Тој не сака да „изгори“ како Андреа Пирло во Јувентус.
Италијанецот побрза да го преземе првиот тим на Јувентус и се гледа дека тоа беше погрешна одлука. Раул сè уште не ја одбил потенцијалната понуда за преземање на првиот тим, но не е сигурен дека е дојдено време за таков чекор.
Желбата на Перез е да седне со Зидан на крајот од сезоната и да разговара со желба тој да остане, а на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе и Килијан Мбапе, но ако тоа не се случи, претседателот на Реал сигурно ќе изврши притисок врз Раул Гонзалес да го преземе кормилото на сениорскиот тим. Се уште се свежи сеќавањата како Перез успеа да изврши притисок врз Хулен Лопетеги и го натера да ја напушти клупата на репрезентацијата на Шпанија неколку дена пред Светското првенство во Русија. На крајот, и тоа се покажа како погрешна одлука на Лопетеги, кој брзо „изгоре“ на кормилото на „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal