Џакомо Распадори може да се смета за играч на Наполи. Синоќа спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, потврди дека е постигнат договор меѓу двата клуба и дека остануваат да се доработат само ситни детали пред зделката да стане реалност.
Се очекува Наполи да го земе Распадори на позајмица за 5 милиони евра, со опција за откуп за 25 милиони евра. Исто така, има дополнителни бонуси од 5 милиони евра поврзани со настапите на играчот и дали Наполи ќе се квалификува во Лигата на шампионите во следните сезони.
„Постигнавме напредок во разговорите со Наполи. Работиме на последните детали“, сподели Карневали.
Можно е денеска двата клуба конечно да се договорат и во петок Распадори да ги мине лекарските прегледи. Италијанскиот интернационалец би можел да дебитира за тимот на Лучијано Спалети викендов против Монца.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













