Connect with us

Распад во ПСЖ: Трофејот во ЛШ само со пари не се освојува

Милијарда и пол евра потроши ПСЖ само за обештетување на играчите откако стана катарски клуб во 2012 година. Во тој период освои осум од десет титули во Франција и 12 домашни купови. Сепак, никогаш не успеа да оствари главната цел, за која беше вложено споменатото богатство. Лигата на шампионите останува недостижна. Најблиску до тоа беше пред две години, но загуби од Баерн во финалето.


Откако германскиот клуб го исфрли и сезонава веќе во осминафиналето со убедливи 3-0 во двата меча, јасно е дека ерата е при крај.

ПСЖ го имаше врвот на избезуменото трошење на засилувања летото 2017. Ги доведе Нејмар и Мбапе за вкупно 402 милиони евра. До денес го држи рекордот за двата најскапи трансфери во историјата. Меѓутоа, после тоа стана неспоредливо поштедлив.

Да се ​​потсетиме на последните сезони, најскапото засилување беше Хакими за 68 милиони евра. Многу, но не во контекст на лудо трошење на фудбалери и во споредба со англиските клубови. Има неколку причини за тоа, но една од нив е што ПСЖ повеќе не може да ги привлекува најдобрите и најскапите фудбалери во светот, бидејќи очигледно е дека и со најдобриот млад фудбалер на светот и еден од најдобрите досега, тие не можат да го минат ниту осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тимот на играчи изграден со една и пол милијарда евра е елиминиран веќе во првата нокаут рунда од Лигата на шампионите во пет од седумте сезони, меѓудругото и затоа што не се тим.

Соблекувалната, полна со ѕвезди и его, стана побогата за Меси пред две години, но не помогна ниту неговото приклучување на Мбапе и на Нејмар.

Двоецот за кој ПСЖ плати над половина милијарда евра, отворено и одамна кажа дека сака да си замине од ПСЖ. Нејмар дури плачеше и ја молеше Барселона да го врати, а Мбапе често се среќава и се слуша со претседателот на Реал, Флорентино Перез. Меси е во постојан контакт со Жоан Лапорта околу неговото враќање во Барселона.

Ако додадеме дека ПСЖ сака да се ослободи од вечно повредениот и прескап Нејмар, дека Мбапе по дебаклот во Минхен изјави дека ПСЖ мора да се запраша зошто ова му е максимум и дека договорот на Меси завршува на лето, јасно е дека сме сведоци на крајот на оваа ера на ПСЖ, кој во последната деценија неуспешно се обидува да ја купи Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови