Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Бобан Грнчаров, се повлекува од функцијата поради непремостливи разлики со новите сопственици на клубот.
Утринава, новите газди на Македонија Ѓорче Петров одлучија да го суспендираат статусот на сите играчи од првата екипа и утрешниот натпревар против Шкендија да го одиграат со младинци.
Грнчаров не се согласувал со овие одлуки и реши да се повлече од тренерската позиција, а со него клубот го напушта и спортскиот директор Александар Бајевски.
„Би сакал да ја информирам македонската јавност дека од денеска повеќе не сум шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓорче Петров. Од клубот се разделувам со тага и жал, но и со гордост за сѐ што постигнавме во изминатата година и пол, заедно со фудбалерите, тренерите од стручниот штаб и директорот Александар Бајевски.
Откако дојдоа новите газди, се појавија непреодни разлики околу концептот на водење на клубот, особено по нивната одлука утрешниот меч со Шкендија да го играме со младинци. Сакав да си го оставам образот чист, па решив веднаш да се повлечам.
Резултатите кои ги оставам зад себе доволно ја покажуваат мојата работа во Македонија ЃП. Ланската сезона триумфално ја поминавме во Втората лига и експресно се вративме во елитата, а годинава успеавме да го стабилизираме клубот во средината на табелата, со шанси за борба за повисоки позиции.
На новите газди и на мојот наследник им посакувам среќа и успех во работата што им претстои“, стои во соопштението на сега веќе поранешниот тренер на клубот.
Транзицијата на сопствеништвото во Македонија Ѓорче Петров предизвика бура во клубот. Фудбалерите почнаа штрајк поради неисплатени плати, кој привремено го прекинаа за да го одиграат мечот со Струга ТЛ. Откако стана јасно дека ситуацијата нема да се реши, штрајкот продолжи и стана тридневен. Наместо да ја реши ситуацијата, новиот сопственик со своето однесување ја влоши состојбата, што кулминираше со заминувањето на Бобан Грнчаров и Александар Бајевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













