Connect with us

Раскол во Барселона, Куман го „искара“ Лапорта

Фудбалската сезона штотуку започна, а тензиите меѓу тренерот и претседателот во Барселона веќе се зголемија. Куман фрли „отровна стрела“ кон Лапортa во последното интервју.


„Мојот однос со Лапорта се подобри? Да, но мислам дека се случи нешто што не требаше да се случи минатата недела. Тој посочи дека тренерот нема целосна моќ. Мислам дека премногу зборува“, рече Куман.

Тој додаде дека Лапорта не бил мудар во два наврати, но дека потоа се исправил.

„Се уште сме во контакт во врска со новиот договор. Благодарение на мене, овој клуб има иднина”, истакна Куман, потенцирајќи дека се согласил на сите големи чекори на раководството.

Барселона утревечер на „Камп Ноу“ го пречекува Баерн Минхен на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови