Работнички денеска (14 часот) гостува на „Автокоманда“ и ќе ги одмери силите со ФК Скопје. Тоа е многу важен дуел во трката за бегство кон средишниот дел од табелата.
Дефанзивецот Момчило Рашо верува дека тимот на Работнички ќе им се врати на позитивните резултати по минималниот пораз од Шкупи во минатото коло.
„Ова е многу важен меч. Бодовите им се важни и на двете екипи, па верувам дека ќе биде тоа еден жесток дуел. Подготвени сме за надигрување и веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Момчило Рашо.
Во дербито на колото, Шкендија во Тетово го пречекува тимот на Академија Пандев, а Шкупи е фаворит на Чаир против Тиквеш.
Во Велес ќе се сретнат Борец и Струга Трим Лум, а мечот во Битола меѓу Пелистер и Ренова е одложен поради снежни врнежи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО (14 ЧАСОТ)
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ШКУПИ – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (одложено)
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal