
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, треба да замине на операција на рамото ова лето, што ќе го принуди да ги пропушти првите два месеци од новата сезона во Премиер – лигата.
Рашфорд подолг период се мачи со повредата на рамото и реши да се оперира овој месец. Англискиот репрезентативец се справува со проблем со рамото од минатиот ноември, играјќи под инјекции.
По хируршкиот зафат, Рашфорд ќе паузира околу 12 седмици, што значи дека ќе ги пропушти првите два месеци од новата сезона.
Рашфорд минатата сезона забележа 37 настапи во Премиер – лигата, постигна 11 гола и имаше 11 асистенции во дресот на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal