Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја отвори темата дека Манчестер Јунајтед добива многу повеќе пенали од неговиот тим во Премиер – лигата. Судијата Марк Клатенбург во колумна посочи дека напаѓачите на Јунајтед знаат да ги изнудат, а сега се надоврза и Маркус Рашфорд кој откри дека Жозе Мурињо додека беше на „Олд Трафорд“ го научил како да изнудува повеќе пенали.
„Напаѓачите сакаат да постигнат гол. Кога трчаш и кога ќе видиш дека некој стартува, не сакаш да бидеш удрен и ја гледаш можноста за да постигнеш на гол. Имаше периоди кога ние воопшто не добивавме пенали. Тренер ни беше Жозе Мурињо, а јас при неколку ситуации не добив пенал. Тогаш тој ме научи на начин како треба напаѓачот да падне. Ми велеше, ти како што паѓаш, никој нема да ти досуди пенал. и потоа, навистина почнавме да добиваме пенали“, објаснува Маркус Рашфорд.
Ливерпул в недела го пречекува Манчестер Јунајтед на „Енфилд Роуд“ во големото дерби од Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













