Connect with us

Рашфорд и Шо се вратија на тренинзите на Јунајтед пред реваншот со Севилја

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ги продолжи тренинзите со тимот пред четвртфиналето од Лигата на Европа против Севилја, објавија од клубот.


25-годишниот англиски репрезентативец ја заработи повредата против Евертон пред 11 дена. Тој го пропушти првиот натпревар со Севилја на „Олд Трафорд“, кој заврши 2-2, како и победата од 2-0 над Нотингем Форест во Премиер – лигата.

На тренинг сесијата учествуваа и Лук Шо, Тајлер Маласија и Марсел Сабицер, кои исто така се мачеа со повреди и голема е веројатноста да бидат во составот на „црвените ѓаволи“ за утрешниот натпревар во Шпанија.

Бруно Фернандеш ќе го пропушти натпреварот против Севилја бидејќи доби втор жолт картон и ќе биде суспендиран на еден натпревар.

Лисандро Мартинез и Дони ван де Бек се надвор од терените до крајот на сезоната, а Рафаел Варан неколку недели. Алехандро Гарначо исто така неодамна објави дека продолжил со тренинзите, но сѐ уште не е подготвен да тренира со останатиот дел од тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови