
Наполи оствари убедлива победа над Фиорентина откако на стадионот „Диего Армандо Марадона“ славеше со 6-0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби дваесетина минути на овој меч, влезе како резерва во 73.минута на местото на Пјотр Зиелински.
Лоренцо Инсиње веќе во петтата минута го најави дебаклот на Фиорентина. Следеше погодокот на Диего Деме во 36.минута, а до крајот на првиот дел погодија и Ирвинг Лозано и Пјотр Зиелински.
Во второто полувреме, Лоренцо Инсиње од пенал зголеми на 5-0 во 72.минута, а Матео Политано во финишот го постави конечниот епилог.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
