Connect with us

Рангник: Роналдо беше фантастичен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, истакна дека неговиот тим заслужено го победи Тотенхем со 3-2 на „Олд Трафорд“, а Кристијано Роналдо го одиграл најдобриот натпревар откако тој ги предводи „ѓаволите“.

Сите три гола за Манчестер Јунајтед ги постигна Роналдо и стана најдобар стрелец во историјата. Сега има неверојатни 807 гола за клубовите и за репрезентацијата на Португалија.


„Тоа беше неговиот најдобар настап, барем откако јас дојдов во клубот. Неговата игра беше фантастична, но исто така и на целиот тим. Тој може да крене 70.000 луѓе на нозе со само еден потег, но одушевен сум од тимскиот дух. Ова беше веројатно нашата најдобра игра со оглед на квалитетот на противникот. Оваа победа ќе ни даде мотив и за следниот натпревар“, изјави менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник.

Манчестер Јунајтед со овој триумф се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиерлигата со 50 бода, два повеќе од Арсенал, но има одиграно дури четири натпревари повеќе од „топчиите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови