Велшкиот интернационалец Арон Рамзи ќе го напушти италијанскиот калчолигаш Јувентус ова лето. Иако тренерот Масимилијано Алегри не би имал против и да остане во тимот, сепак, раководството смета дека неговата плата е преголемо оптоварување за буџетот на „старата дама“, посебно и ако се реализираат трансферите на Мануел Локатели и на Миралем Пјаниќ.
Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон е сериозно заинтересиран да го врати Арон Рамзи на Островот. Британските медиуми најавуваат дека тој наредната седмица треба да го потпише договорот со „волците“ и да го засили тимот за следната сезона во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













