Connect with us

Рамос збесна: Реал уште не ми понудил нов договор!

Сагата на Серхио Рамос околу потпишување нов договор со „кралскиот клуб“ продолжува. Капитенот на Реал Мадрид на лето ќе биде слободен агент и ќе може да замине без отштета од шпанскиот шампион, а демантира дека добил конкретна понуда за продолжување на соработката.

„Лага е дека платата ми е 15 милиони евра и дека сум добил понуда за продолжување на договорот уште од март“, изјави Серхио Рамос.

Шпанскиот дефанзивец е желба на Манчестер Сити и на Пари Сен Жермен, кои се подготвени да му понудат плата од фантастични 20 милиони евра доколку им се приклучи како слободен агент по завршувањето на сезоната. Рамос бара двегодишен договор и тоа двата клуба се подготвени да му го исполнат, наспроти Реал Мадрид кој води преговори за една сезона. 

 

? Portada @marca de mañana

⚡️ ‘Alta tensión’

? #PartidazoCOPE pic.twitter.com/9rTZGwvazm
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) January 5, 2021

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови