Новиот фудбалер на ПСЖ, Серхио Рамос го советуваше својот тимски колега Килијан Мбапе да се приклучи на Реал Мадрид.
„Секако дека тој треба да оди во Реал Мадрид, кој е еден од најдобрите клубови во светот. Ми се чини дека сите одлични играчи треба да поминат низ овој тим. Сепак, сега сакам Килијан да игра за мојот тим. Сакам да победувам и сакам најдобрите да бидат со мене“, изјави Серхио Рамос за шпанскиот „АС“.
Рамос се приклучи на ПСЖ на 8 јули како слободен агент. Пред тоа, 35-годишниот Шпанец играше за Реал Мадрид 16 години.
„Кралевите“ подолг период се заинтересирани за Килијан Мбапе чија вредност се проценува околу 180 милиони евра.
Рамос исто така напомена дека никогаш не би славел погодок или победа против Реал Мадрид.
„Не, јас никогаш не би прославил гол против Реал. Тој клуб е моето семејство и секогаш ќе биде во моето срце. Тие заслужуваат почит. Никогаш не би славел погодок или победа над Реал “, изјави Рамос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













