
Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ договорил сѐ околу трансфер во Ал-Шабаб, а англиските медиуми денеска пишуваат дека таму би можел да му се придружи и Давид де Хеа.
Прославениот поранешен голман на шпанската репрезентација е слободен играч откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Де Хеа претходно беше поврзуван со Ал-Наср, клубот за кој играат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ.
Ал-Шабаб моментално се наоѓа на 11. позиција на табелата во Саудиска Арабија, а на 19 одиграни натпревари има примено 25 гола. Под знак прашалник е во каква форма треба да пристигне Де Хеа, бидејќи не брани повеќе од шест месеци.
Тој беше добитник на „Златната ракавица“ во Премиер-лигата пред Манчестер Јунајтед да одлучи да не го продолжи договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
