Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано нерма намера да го продаде Столе Димитриевски на Ал Наср иако во клубот наводно пристигнала понуда вредна 3,5 милиони евра. Неговата отштетна клаузула изнесува 6 милиони евра и без да биде уплатена оваа сума, раководството на Рајо нема да води преговори за негова продажба.
Истото важи и за каталонскиот гигант Барселона. Се уште во јавноста во Шпанија се споменува можноста Столе Димитриевски да се пресели на „Камп Ноу“, но Барса има многу финансиски проблеми за решавање, а ќе мора да ослободи дел од буџетот за плати за да може да тргне во финални преговори за ангажман на македонскиот голман.
Клучна работа е да го продаде вториот голман Нето, за кого наводно се заинтересирани неколку бразилски клубови.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski