Connect with us

Раиола побарал 50 милиони евра плата од Челси за Ерлинг Халанд?!

Европскиот првак Челси на почетокот на месецот се откажа од својата најголема желба Ерлинг Халанд и го доведе Ромелу Лукаку од Интер за 115 милиони евра. Клубот од „Стемфорд бриџ“ се откажал од „акцијата Халанд“ поради лудите услови што ги поставил неговиот агент Мино Раиола.


Европскиот шампион понуди 130 милиони евра на Борусија Дортмунд за норвешкиот напаѓач, кој ќе може следното лето да се купи за 68 милиони евра, благодарение на клаузулата во договорот. Но, иако Борусија Дортмунд ја прифатила понудата, следеле неверојатните барања на Раиола за него и за фудбалерот.

Тој побарал годишна плата од 50 милиони евра за Ерлинг Халанд, и дополнителни 40 милиони евра провизија за него.

За споредба, Кристијано Роналдо во Јувентус има годишна плата од 31 милион евра, а само Лионел Меси во Барселона имаше поголема плата од него. Во ПСЖ, неговата основна годишна плата е околу 30 милиони евра, но со голем број лесно достапни бонуси може значително да порасне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови