Connect with us

Рафиња од ПСЖ се пресели во Ал Араби

Бразилскиот фудбалер Рафаел Алкантара го прекина договорот со Пари Сен Жермен и се приклучи на тимот на Ал Араби, соопшти денеска катарскиот клуб. Фудбалерот е познат под прекарот Рафиња, а со катарскиот тим потпиша двегодишен договор.


За ПСЖ игра од 2020 година и на 39 натпревари нема постигнато ниту еден гол. Минатата сезона, 29-годишниот фудбалер беше позајмен на Реал Сосиедад.

Тој е помлад брат на фудбалерот на Ливерпул, Тијаго Алкантара, кој е и шпански репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови