Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез е најсериозен кандидат да ја преземе клупата на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. Тимот падна на деветтата позиција на табелата во францускиот шампионат откако забележа три последовни порази, а тренерот Андре Вилјаш Боаш си поднесе оставка поради несогласувања со клупското раководство.
„Ми донесоа фудбалер за кој инсистирав дека не ми е потребен. Не сакам да работам на ваков начин и поднесов оставка“, изјави Андре Вилјаш Боаш.
Бенитез ја напушти Кина поради пандемијата на коронавирусот и се врати во Европа. Се споменуваше и како можно решение за клупата на Селтик. Покрај Шпанецот, во опција за клупата на Олимпик Марсеј е и Мауруцио Сари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













