
Струга Трим Лум в недела гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со тимот на Македонија ЃП. Дефанзивецот Сава Радич, кој потпиша нов договор со клубот, вели дека паузата беше добредојдена за стружани и дека ќе се обидат да дојдат до нови три бода на претстојното гостување.
„Што се однесува до новиот договор, можам да кажам дека дојде многу брзо и лесно би рекол. Навистина сум многу среќен што ја продолживме соработката до 2025 година. Се надевам дека ќе продолжиме со успесите, онаму каде што застанавме“.
„Очекувањата за новата сезона како бранител на титулата нормално се да ја одбраниме титулата. За нас новата сезона почна многу порано, поради обврски во Европа, па првенството не беше во прв план. За жал, испаднавме во плеј-оф фазата од Конференциската лига, со што не успеавме да се пласираме во групите. Веројатно ова беше и причината што малку заглавивме во првенството, но сега верувам дека можеме да се вратиме силни и да ги исполниме очекувањата на нашите навивачи. Сепак, има и други тимови кои сакаат да ја освојат титулата, но наше е да дадеме сѐ од себе и да одиграме што подобро во натпреварите што нѐ очекуваат во првенството“, изјави Сава Радич за официјалниот сајт на клубот.
Дефанзивецот зборуваше и за следниот натпревар, в недела против Македонија ЃП во Скопје.
„Паузата поради квалификациските натпревари за ЕП 2024 ни беше добредојдена, бидејќи во изминатиот период имавме напорен распоред, играјќи многу натпревари. Сега сме поодморени и тоа е важно. Екипата на Македонија ЃП докажа дека не ни одговара. Во последниот период одигравме три натпревари, на сите ремизиравме, а за жал загубивме и во финалето на Купот, на пенали. Токму тоа нѐ прави уште повеќе мотивирани за неделниот натпревар, да дадеме сѐ од себе, да бидеме сконцентрирани, да ги исполниме задачите што ќе ни ги даде тренерот и се надевам дека на крајот ќе ги освоиме трите бода“, истакна Сава Радич.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
