
Лидерот Шкупи успеа да го совлада Работнички со 0-1 на арената „Тодор Проески“ со голот на Марјан Радески во 68.минута. Сега предноста на Шкупи во однос на Шкендија повторно е осум бода.
По една одлична на Адетунџи, Марјан Радески доби топка на пеналтикот и со одмерен удар успеа да го совлада Бурхан Мустафа. Пет минути претходно, Шкупи преку дефанзивецот Гаги Маргбелашвили го погоди и дирекот од голот на „романтичарите“. Во 85.минута, уште еднаш дирек погоди и Фреди Алварез.

Академија Пандев го декласираше Скопје со 5-0. За половина час сите дилеми околу победникот ги расчисти Пепи Ѓорѓиев кој постигна хет – трик. Во петтата минута го отвори резултатот, во 11.минута зголеми на 2-0, а во 29.минута и третпат се запиша во листата на стрелците. Четвртиот гол беше дело на уште едно ново засилување, Виктор Ангелов, во 78.минута, а шест минути подоцна стрелаше и Кристијан Велиновски.
Струга Трим Лум и Брегалница ремизираа 1-1. Мартин Стојанов донесе водство за штипјани во 59.минута, а израмни Немања Босанчиќ во 84.минута од дуелот.
Македонија ЃП славеше со 0-1 против Ренова во Тетово. Стрелец на победничкиот гол беше Арби Воша уште во втората минута.
Тиквеш го совлада Пелистер со 1-0, со голот на Благоја Љамчевски во 89.минута. И во двете екипи имаше по еден црвен картон. Гостите од Битола останаа со фудбалер помалку во 28.минута по двата жолти картони на Антонио Глоире, а Стојан Петковски од домашниот тим доби исклучување во 69.минута.
ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 5-0
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ВЧЕРА: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
