
Работнички и Силекс денеска (14 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го отвораат 20.коло во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ паузираа две седмици откако ја совладаа Академија Пандев во Струмица со 0-1, па сакаат повторно да фатат победнички ритам.
Капитенот Горан Силјановски вели дека овој дуел е многу важен за тимот.
„Дуелот со Силекс е екстремно важен за Работнички. По успешниот старт и триумфот над Академија Пандев, сакаме да продолжиме во ист стил и против Силекс, на домашната пролетна премиера. Подготвени сме за предизвикот, максимално мотивирани и се надеваме дека ќе успееме да ги освоиме трите бода. Силекс заслужува респект, имаат квалитетен состав, но ние веруваме во нашите можности и посакуваме триумф“, вели капитенот на Работнички, Горан Силјановски.
Силекс бара рехабилитација по поразот од лидерот Шкендија (1-2) во Кратово во првото пролетно коло. Тренерот Горан Симов верува дека неговиот тим ќе успее да остане непоразен во Скопје.
На останатите натпревари, утре се среќаваат: Шкендија – Вардар, Пелистер – Ренова, Беласица – Струга Трим Лум, Македонија ЃП – Борец, Шкупи – Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
