Работнички и Академија Пандев на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје (15 часот) го отвора третиот круг од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ сакаат да го продолжат одличниот пролетен чекор, а и да го повторат триумфот против Академија Пандев од првото пролетно коло. Тогаш условите беа снежни, сега ќе треба да се прикаже и многу повеќе фудбал, не само борба.
Фудбалерот од средниот ред на Работнички, Стефан Јевтоски, вели дека тој и соиграчите се полни со самодоверба и доколку Работнички повтори дел од минатите изданија очекува триумф.
„Работнички има сосема нов лик оваа пролет. Играме квалитетно, офанзивно, сакаме да постигнеме гол повеќе од противникот. Во исто време, сакаме да наметнеме доминација на средината на теренот, а кога се браниме, тоа да биде цврсто и бескомпромисно. И на досегашните натпревари тоа функционираше многу добро. Верувам дека и утре ќе се претставиме во такво издание и ќе победиме ако ги исполниме поставените задачи од шефот Александар Влахо. Полни сме самодоверба и мислам дека од нашето издание дали ќе го победиме тимот на Академија Пандев. Секако, за нив максимален респект, тоа е одличен тим со неколку квалитетни индивидуалци“, вели Стефан Јевтоски.
Академија Пандев сака можеби „реванш“ за поразот во Струмица. Тренерот Александар Васоски верува дека гостите можат да стигнат до бодови, а неговиот тим е конкурентен да се надигрува со секој тим.
„Мислам дека двата тима имаат израмнет квалитет. Работнички игра добро оваа пролет, но Академија Пандев е конкурентен тим и секако сака позитивен резултат“, истакна Васоски.
ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (ДЕНЕСКА, 15 Ч.)
ШКУПИ – ВАРДАР (УТРЕ)
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski