Македонскиот прволигаш Работнички ја оствари првата победа во зимскиот подготвителен период. „Романтичарите“ на игралиштето на Алумина го совладаа второлигашот Тетекс со 2-0. Стрелец на двата гола беше Фахрудин Ѓурѓевиќ во второто полувреме. Тој го отвори резултатот во 72.минута од мечот, а во финишот, во 85.минута уште еднаш ја затресе мрежата на Тетекс.
Тренерите на двете екипи, Александар Влахо и Славчо Георгиевски им дадоа шанса и минутажа на сите фудбалери. Второлигашот Тетекс одлично парираше во првите 45 минути, но во продолжението Работнички сепак успеа да слави триумф.
Во првиот тест оваа зима, Работнички ремизираше 1-1 против Борец во Велес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













