Косовскиот интернационалец Емир Сахити, кој е член на Хајдук, ќе потпише тригодишен договор со Хамбургер, а македонскиот прволигаш Равотнички од тој трансфер ќе има заработка од 300.000 евра.
Вкупната сума на трансферот е 1,5 милиони евра, но целиот износ не оди кај Хајдук, бидејќи клубот од Сплит мора да плати 20% од трансферот на Работнички, од каде што Сахити дојде во Хајдук.
Косовскиот фудбалер утре патува во Хамбург, каде што, ако сè оди според планот, ќе потпише договор со новиот клуб.
Сахити пристигна во Хајдук пред шест и пол години на позајмица од Работнички, а шест месеци потоа „билите“ го потпишаа како свој играч. За Хајдук дебитираше во февруари 2019 година во натпревар против Горица, и оттогаш собра 121 натпревар и постигна 18 гола. Во текот на овој период, една година мина на позајмица во Шибеник, по што се врати во Хајдук во летото 2021 година. Последните три сезони беше еден од најстандардните играчи на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













