
Работнички успеа да ја совлада Беса со 1-0 и го продолжува чекорот во трката за шампионската титула, заедно со Шкендија и со Силекс. Стрелец на единствениот гол беше Анес Рушевиќ од пенал во 55.минута, откако Валон Ахмеди беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

Кратовци го пречекаа Тиквеш и не успеаја да стигнат до трите бода, играјќи 1-1. Александар Мишов донесе водство за Тиквеш во 31.минута, а израмни Дарко Додев четири минути подоцна. На поплавениот терен, не можеше повеќе.
Лидерот Шкендија беше голем фаворит против Брера во Тетово и ја оправда улогата. Тетовци славеа со 2-1. Бесарт Ибраими во деветтата минута донесе водство за Шкендија, но израмни Фад Нзенгуе во 54.минута. Сепак, Бесарт Ибраими повторно брзо реагираше и донесе нова предност во 61.минута. Сепак, целиот фудбалски натпревар остана во сенка на скандалот што се случи пред почетокот на мечот, кога навивачите на Шкендија не ја испочитуваа онаа минута молк наменета за трагедијата во Кочани.
Гостивар зaгуби дома од тимот на Воска Спорт со 0-2, што е огромно изненадување. Тони Виноградац во 30.минута обезбеди предност за Воска, а во финишот гостите постигнаа уште еден погодок преку Клинтон Осеи во 83.минута за потврда на триумфот.

Во некои други времиња, Струга ТЛ и Шкупи ќе играа дерби за титулата, но оваа сезона и двете екипи потклекнаа брзо. Сепак, денеска во Струга се одигра добар меч, иако немаше голови.

Во првиот меч од 25.коло, во саботата Вардар го совлада Пелистер на гости со 1-3, во вечното македонско дерби што се одигра во Битола.
ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – БЕСА 1-0
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 2-1
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-1
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 0-2
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-0
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 1-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
