Работнички денеска (15 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека Беса, во меч кој има голема важност за тимот од Дебар Маало. За избраниците на Горан Станиќ, победата е единствената опција доколку сакаат да останат во борба за титулата или за место во европските купови. Секој друг резултат ќе биде голем удар за нивните амбиции.
Тиквеш повторно гостува во Кратово оваа пролет, каде ќе се соочи со Силекс. Кавадарчани се надеваат дека ќе продолжат со позитивните резултати на ова гостување. Но, од друга страна Силекс има амбиции за највисок пласман и сака да ги грабне трите бода.
Дуелите меѓу Струга ТЛ и Шкупи минатата сезона беа дерби натпревари за титулата, но ситуацијата сега е поинаква. Двата тима одамна се надвор од трката за врвот.
Лидерот Шкендија е голем фаворит против Брера во Тетово и сè освен победа за домаќинот би било големо изненадување.
Гостивар исто така е фаворит против Воска Спорт, иако тимот се соочи со заминувања во текот на репрезентативната пауза.
Во првиот меч од 25.коло, во саботата Вардар го совлада Пелистер на гости со 1-3, во вечното македонско дерби што се одигра во Битола.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО (денеска, 15 часот)
РАБОТНИЧКИ – БЕСА
ШКЕНДИЈА – БРЕРА
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 1-3
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













