Connect with us

Работнички го позајми Страхиња Крстевски од Црвена Звезда

Македонскиот прволигаш Работнички успеа да доведе квалитетно засилување една седмица пред почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. На едногодишна позајмица во клубот од Дебар Маало доаѓа Страхиња Крстевски, напаѓач на српскиот првак Црвена Звезда.

Тој има 22 години, роден е во Нови Сад, но има македонско потекло и има играно за младите селекции на Србија и на Македонија. 

Крстевски оваа година потпиша тригодишен договор со Црвена Звезда, беше на позајмица во Графичар, а следната сезона ќе ја мине во Работнички.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови