
Работнички не ја доби наградата против Шкендија, но затоа го тресна Шкупи и оствари голем триумф (0-2) со кој тимот на Александар Влахо можеби ја наметнува и кандидатурата за пласман во Европа, во пресрет на стартот на третиот круг од шампионатот на Македонија.
Кристијан Стојкоски по само 33 секунди игра го доведе Работнички во водство, откако високиот пресинг на Александар Влахо донесе резултат. Прелчец ја украде топката од Наумовски, а во продолжението на акцијата Стојкоски погоди за 0-1. Во деветтата минута, Стојкоски беше асистент од слободен удар, а Никола Прелчец со удар со глава вторпат ја матираше одбраната на Шкупи.
Прелчец потоа го погоди и дирекот, Шкупи имаше свои шанси, но Ристе Јанков беше на висина на задачата и не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Шкендија не е голгетерски расположена и повторно ремизираше без голови, овојпат против Ренова. Тимот на Ернест Ѓока е далеку од формата со која ја обезбеди предноста на врвот на табелата.
Пелистер обезбеди трета последовна победа, совладувајќи го Борец со 1-0, со голот на Иван Пејаковиќ во 41.минута.

Вардар и Струга Трим Лум одиграа 1-1 на арената „Тодор Проески“. Гостите поведоа од пенал во 19.минута со голот на Александар Ристевски, а израмни Филип Петковски во 75.минута.
Во Струмица, Беласица и Академија Пандев поделија по еден бод откако не постигнаа ниеден гол.
Вчера, Македонија ЃП го совлада Силекс со 1-0.
ПРВА ЛИГА 22 КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 0-0
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 0-2
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 1-0
ВАРДАР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1
БЕЛАСИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
