Работнички го доведе Ѓорѓи Кутсија како ново засилување. Тој потпиша договор и се приклучи на тимот на „романтичарите“ по враќањето од подготовки во Анталија.
Кутсија е 22-годишен фудбалер за врска кој доаѓа од еден од најдобрите грузиски клубови, Динамо Тбилиси. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред по сериозната повреда на Арменд Алими.
„Среќен сум што ќе играм во еден од најреномираните македонски клубови. Ќе го дадам својот максимум за да ги оствариме целите на тимот во продолжението од првенството“, изјави Ѓорѓи Кутсија за официјалниот сајт на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski