Работнички имаше одлична полусезона и заврши во водечкото трио на табелата во Првата лига, а продолжува да работи сериозно и по завршувањето на фудбалскиот дел од сезоната. Раководството на клубот веднаш го обезбеди и првото засилување.
Во Градски Парк доаѓа Миле Тодоров, играчот за врска на Тиквеш, кој денеска се раздели со кавадаречкиот прволигаш.

„Романтичарите“ беа најбрзи, спортскиот директор Сенад Муминовиќ експресно го договори доаѓањето на Миле Тодоров. Тој всушност се враќа во редовите на Работнички, каде што играше до сезоната 2017/18, кога замина на печалба во Хрватска.
По враќањето во Македонија, Миле Тодоров го носеше дресот на Победа, ФК Скопје и на Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













