Македонскиот прволигаш Работнички ги враќа своите деца во Дебар Маало. Андреј Лазаров и Марио Станковски се враќаат меѓу „романтичарите“.
„Раководството на Работнички донесе одлука да ги врати и да им даде шанса да се наметнат со целиот свој потенцијал. Двајцата играчи се талентирани, а покажаа зрелост во играта во првиот дел од сезоната. Работнички ги враќа своите деца кои имаат несомнен талент и светла иднина во клубот, со надеж и за понатамошни интернационални трансфери“, велат од таборот на „романтичарите“.
Андреј Лазаров го носеше дресот на Тиквеш и имаше одлична полусезона, а Марио Станковски беше член на прволигашот Борец и покажа дека е суперталентиран напаѓач.
Раководството на Работнички е фокусирано и на изнаоѓање на најдобро решение за тренерската позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













