
Вардар и Работнички со меѓусебната дерби пресметка денеска од 17 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје го отвораат 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар, по двата лоши почетни натпревар во првенството, денеска дефинитивно ќе биде во потрага по првата своја радост. Но, и во таборот на „романтичарите“ веруваат дека ќе одиграат квалитетен натпревар преку кој желбата е да се стигне до нови три бода во шампионатот.
„Ми се чини дека нема што многу да криеме меѓусебно, добро се познаваме двата тима со Вардар. Верувам дека тоа ќе биде натпревар на тактичко надмудрување. Јас верувам дека нашите фудбалери ќе го исполнат зацртаното и на крај ќе се радуваме на победа. Мора да се истакне дека Вардар сега силно ќе атакува на триумфот затоа што е под еден вид притисок по двата почетни натпревари без постигнат гол. Но, и со предност ако се знае дека изминатава недела немаше натпревар во Купот“ – вели Влахо пред денешната средба.
Работнички за денешната пресметка на „Тодор Проевски“ нема да може да смета и на неколку фудбалери кои имаат повик во репрезентацијата до 18 години.
„Тоа е и еден мал дополнителен хендикеп за нас. Поради повреда нема во комбинација да биде и Страхиња Крстевски, но без разлика на се секако размислуваме само на победа. Во секој случај, ќе бидат квалитетен натпревар во кој на крајот ќе слави оној со поголема желба на теренот“ – вели тренерот на „романтичарите“.
Останатите четири натпревари од 3. коло во ПМФЛ се играат утре со почеток од 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
