
Дерби-натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кој е закажан за денес во 17:30 часот, беше под знак прашалник поради снежните врнежи во Ливерпул. На утринскиот безбедносен состанок беше одлучено натпреварот да се одигра според распоредот, а во 13:00 часот по македонско време, оваа одлука беше повторно потврдена.
Теренот на „Енфилд“ не беше проблем, бидејќи беше подготвен за игра, но главната загриженост беше дали навивачите ќе можат безбедно и навремено да стигнат до стадионот.
Главната железничка станица во градот, Liverpool Lime Street, ги откажа сите возови до пладне, а привремено беше затворена и авионската писта. Според „Манчестер ивнинг њуз“, аеродромите во Ливерпул и Манчестер повторно се отворени, а патиштата се релативно безбедни и покрај снежните врнежи.
Please never change, @GNev2 & @Carra23 🤣☃️ pic.twitter.com/TpwN4an07v
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) January 5, 2025
Снегот на „Енфилд“ беше навремено исчистен, но аналитичарите на „Скај Спортс“, Гери Невил и Џејми Карагер, решија да се пошегуваат во пресрет на големото дерби.
Невил зеде лопата и почна да враќа снег на теренот, шеговито изјавувајќи дека би сакал натпреварот да биде одложен поради состојбата во која се наоѓа неговиот Манчестер Јунајтед. Од друга страна, Карагер го враќаше снегот надвор од теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
