Connect with us

Рабио со критики за судијата: Беше тешко да се игра 11 на 12 во дербито

Фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио, смета дека неговиот тим бил оштетен од судијата Масимилијано Ирати во текот на целиот меч од дербито со Интер.


„Дербито на Италија“ се играше многу подолго од предвиденото, имаше големи судиски продолженија, во првото полувреме се играа дури 10 минути повеќе од планираното, а сето тоа поради ситуацијата која и го одлучи натпреварот.

Беше досуден пенал за Интер, кој првично беше досуден по интервенција од ВАР-собата. Хакан Чалханоглу првиот пат очајно го изведе, а Војчех Шчешни успеа да одбрани.

Сепак, по неколку минути судијата Ирати го поништи прекршокот кој беше досуден и му беше наложено да го повтори пеналот. Причината беше побрзо влегување во шеснаесетникот на Матијс де Лихт. Чалханоглу вториот пат беше попрецизен и Интер поведе. До крајот на натпреварот имаше неколку спорни ситуации. Се размислуваше и за потенцијална казна за домаќинот, но не беа пронајдени елементи.

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио е задоволен од борбата на својот тим, но не и од арбитражата, нагласувајќи дека Интер имал повеќе играчи на теренот.

„Добра игра, браво за сите. Штета за резултатот, беше тешко да се игра 11 на 12“, напиша Французинот во објавата на Инстаграм.

Не е исклучено Рабио да биде казнет поради овој коментар на социјалните мрежи.

Интер сега има четири бода повеќе од Јувентус, а три помалку од Милан кој вечерва го игра својот натпревар против Болоња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови