Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за крилниот фудбалер на Челси, Кристијан Пулишиќ, тврдат медиумите на Островот. 23-годишниот офанзивен фудбалер не е задоволен од минутажата во тимот на Томас Тухел и сака да си замине.
Тој имал состанок со менаџерот Тухел и побарал да му биде овозможено да ја промени средината.
Пулишиќ ја одби понудата од Њукасл бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони и е подготвен да се пресели на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ би сакале да го доведат американскиот репрезентативец на позајмица, со опција за комплетен откуп на договорот.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













