Connect with us

Пулишиќ блескаше, Милан незапирлив со трета победа во низа (ВИДЕО)

Милан ја продолжи победничката серија во Серија А. „Росонерите“ без многу мака го совладаа Удинезе на „Фриули“ со убедливи 0-3. Херој на вечерта беше Кристијан Пулишиќ, кој запиша два гола и една асистенција, повторно покажувајќи дека е најопасното оружје на тимот.

Иако без суспендираниот Алегри на клупата, гостите беа доминатни на теренот. Првата закана дојде преку Санти Хименез во 19. минута, но Сава успеа да спаси. Сепак, притисокот на Милан донесе резултат во 40. минута – Пулишиќ реагираше одлично во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата за 0-1.

На стартот од вториот дел, Американецот повторно беше клучна фигура. Со борбеност одзеде топка и му подаде на Јусуф Фофана, кој прецизно реализираше за 0-2 во 46. минута. Само седум минути подоцна, Пулишиќ повторно ја зема главната улога – Рабио извлече брза контра, мајсторски го проигра Американецот, кој со прецизен удар од тешка позиција ја запечати победата, за 0-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови