Францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе се обиде да ја искористи ситуацијата во Јувентус и да го доведе Кристијано Роналдо. По враќањето на Масимилијано Алегри на клупата на „старата дама“, многу веројатно е дека Португалецот ќе замине од Торино, а ПСЖ е еден од двата клуба кои би можеле да си го дозволат негоиот потпис. Вториот заинтересиран клуб е Манчестер Јунајтед, но засега ПСЖ делува поактивно на овој план.
Спортскиот директор Леонардо преку Жорге Мендеш сака да го привлече Роналдо кој ќе се сложи и на значително намалување на плата која ја има во моментот од 31 милиони евра само за да направи трансфер во друг клуб. Јасно е дека со Алегри нема за него иднина во Јувентус иако има уште една година од актуелниот договор.
Интересно е дека и Жозе Мурињо имал телефонски разговор со Роналдо и се распрашувал за неговата иднина. Тој планира целосна реконструкција во Рома, но далеку од тоа и дека римскиот клуб би можел да одговори на финансиските услови на Португалецот. Сепак, доколку остане во Италија тој би имал значителни даночни олеснувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













