Пари Сен Жермен се вклучи во трката за потписот на Хулијан Алварез од Манчестер Сити. Аргентинецот сака да го напушти шампионот на Англија затоа што не е задоволен од својата улога во клубот.
„Граѓаните“ бараат околу 90 милиони евра за напаѓачот, кој неодамна ја освои и Копа Америка со Аргентина.
Луис Енрике дал зелено светло за ангажманот на Алварез. Ова лето, парижаните се разделија со Килијан Мбапе, кој прејде во Реал Мадрид. Надежите на клубот дека Рандал Коло Муани и Гонсало Рамош ќе бидат главните напаѓачи минатата сезона не се реализираа во целост.
ПСЖ има интерес и за Нико Вилијамс. Една од ѕвездите на Шпанија на ЕВРО 2024 е трансферна цел и на Барселона. Сепак, според каталонските медиуми, Нико Вилијамс ја отфрлил можноста да премине во Пари Сен Жермен. Со секој изминат ден, се зголемува веројатноста тој да остане во Атлетик Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













