Трансферот на Милан Шкриниар од Интер во Пари Сен Жермен е пред пропаѓање. Преговорите меѓу двата клуба влегоа во ќорсокак и никој не е подготвен на отстапки. Интер инсистира да добие 70 милиони евра за словачкиот интернационалец, но ,според „Л’Екип“, ПСЖ нема намера да плати таква сума за фудбалер кој следното лето може да стане слободен играч.
Парижаните не се подготвени да платат повеќе од 50 милиони евра за дефанзивецот.
Интер веќе е во преговори со Шкриниар за нов договор. „Нероаѕурите“ ќе бараат да го задржат централниот дефанзивец откако Бремер потпиша за Јувентус.
Сепак, во трката за него влета Челси. Со оглед Жул Кунде е на прагот да потпише за Барселона, сега раководството на Челси ќе бара нова опција за да обезбеди нов партнер за Калиду Кулибали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













