
Пари Сен Жермен се обидува да продаде 11 играчи во летниот преоден рок. Новиот тренер на тимот, Кристоф Галтие, изјави дека нема намера да се потпира на нив.
Според „Паризиен“, на списокот се фудбалери како Џорџинио Вајналдум, Мауро Икарди и Данило Переира. Засега не се споменуваат Нејмар и Кимпембе, но тоа не значи дека клубот решил да ги задржи.
Галтие сака да го намали составот на 21 играч, но тоа ќе биде тешка задача. Покрај Вајналдум, Икарди и Переира, на листата се и Курзава, Дијало, Керер, Паредес, Гаје, Херера, Ебимбе и Дракслер.
Манчестер Јунајтед покажа интерес за Леандро Паредес, но на „црвените ѓаволи“ не им се допадна трансферната сума од 35 милиони евра. Тотенхем одби да плати 30 милиони за дефанзивецот Абду Дијало и наместо тоа го доведе Клемен Ленгле на едногодишна позајмица од Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal